Горивата експресно поскапеа

Bez autora
Feb 10 2015

Цените многу полесно одат нагоре отколку надолу. Само што почна на светските берзи да се качува цената на нафтата, веднаш реагираше Регулаторната комисија за енергетика. По 6-месечно намалување на цената на горивата, малопродажните цени на бензините скокнаа од 3 до 3,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на еуросупер БС-95 се зголеми за три денари и изнесува 62 денари за литар, еуросупер БС-98 поскапе за 3,5 денари и се продава по 64 денари. Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 51 денари за литар. Цената на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 2,5 денари и се продава по 39,50 денари.

Горивата експресно поскапеаЦените многу полесно одат нагоре отколку надолу. Само што почна на светските берзи да се качува цената на нафтата, веднаш реагираше Регулаторната комисија за енергетика. По 6-месечно намалување на цената на горивата, малопродажните цени на бензините скокнаа од 3 до 3,5 денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на еуросупер БС-95 се зголеми за три денари и изнесува 62 денари за литар, еуросупер БС-98 поскапе за 3,5 денари и се продава по 64 денари. Малопродажната цена на еуродизелот изнесува 51 денари за литар.

Цената на екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 2,5 денари и се продава по 39,50 денари.

Зголемување има и на малопродажната цена на мазутот М-1 кој се продава по 23,456 денари за килограм.

Сега се наметнува прашањето дали новите цени на горивата ќе го стопираат падот на цените на храната на кој се чекаше 6 месеци откако тргна нафтата надолу. А таман почна падот на цените на домашните производи што во просек се движеше од 10 до 15 отсто. Земјоделците донесоа одлука да го поевтинат свинското месо за 10 отсто, како и на овошјето и зеленчукот до 25 отсто, „Витаминка“ ги спушти цените на кондиторските производи, „Пекабеско“ ги намали цените на своите производи за 15 проценти.

Од Стопанската комора на Македонија за „Утрински весник“ информираа дека и покрај континуираниот пад на цената на нафтата, тоа не повлече и соодветна корекција на намалување на цените на производите и услугите. „Во поголемите индустриски капацитети, намалената цена на мазутот и другите нафтени деривати, кои директно учествуваат во производствените процеси, има влијание во намалување на производствените трошоци. Но, позитивната разлика не е задоволителна за да се направи и соодветно намалување на производствените цени“, велат од Комората.

Цената на нафтата од крајот на минатата недела почна да расте. Барел американска „лесна“ нафта за испораката во март на берзата во Њујорк се продава по цена од 52 долара, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чини 57,90 долар.

„Колебањето во цените на нафтата, пред се', е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за резервите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД“, сметаат аналитичарите.

Заклучно со 30 јануари, бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.

По падот под 50 долари, цената на нафтата тргна нагоре.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik